Претседателот на бугарскиот парламент разрешен

од Берта Китинска

Со 125 гласа за и 113 против, бугарскиот Парламент го разреши Никола Минчев за претседател на Собранието.

Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

Меѓу причините за негово разрешување се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

-За мене беше чест, е и ќе биде, пред се што влегов во Народното собрание. Ова го истакна Никола Минчев на крајот од дебатите во пленарната сала.

Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков.

Слични содржини