Претседателот на ФИФА е загрижен за огромните суми потрошени во фудбалот

од Vladimir Zorba

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не се согласува со насоката во која се движи играта. Шефот на централата верува дека сумите што во моментов се трошат не го подобруваат квалитетот и не претставуваат доказ дека тимовите се подобруваат.

„За меѓународни трансфери износите, кои се платени, се 6.4 милијарди долари. Тоа е двојно повеќе од износите кои ги гледавме пред четири или пет години. Можеби некој би рекол дека тоа е корисно за фудбалот, затоа што има многу пари, но јас мислам дека овој тренд е доста загрижувачки“, рече Инфантино.

Тој наведе дека зголемувањето на износите добиени од фудбалските агенти е над 500 милиони долари.

„Ова е загрижувачко исто. Зборував со некои агенти, кои се на исто мислење. На пракса во моментов нема таван на овие пари, што не е гаранција дека квалитетот на фудбалот е висок“, рече уште Швајцарецот.

Тој го поддржува претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој сака да направи сериозни реформи. Шефот на европскиот фудбал веќе предложи да се воведе луксузна такса за тимови кои трошат поголеми количини. Тие ретко се согласуваат, но овој пат Инфантино и Чеферин гледаат во ист правец.

„Се согласувам дека треба да има ограничување колку фудбалери се во даден тим. На крајот сите сакаме да има здрава конкуренција, а не четири или пет екипи кои ќе ги привлекуваат најдобрите играчи во светот“, додаде Инфантино.

За Инфантино претстои важен месец, откако во март конечно ќе биде решено дали технологијата за видеоповторувања ќе биде употребена на Светското првенство во Русија.

Слични содржини