Претседателот на Финска: Не влегуваме во НАТО без Шведска

од Stefanija Kuzmanovska

Финска нема да влезе во НАТО без Шведска, изјави финскиот претседател Саули Нинисто.

Тој говореше за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неделата во Хелсинки.

„Велам дека и случајот со Шведска е и наш. Тоа значи дека одиме рака под рака“, изјави финскиот претседател Нинисто.

Слични содржини