Претседателот на Германија ја прими првата доза од вакцината Астра Зенека

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја прими вакцината АстраЗенека против коронавирусот.

Иако Германија одлучи дека Астра Зенека не треба да се користи кај лица постари од 60 години, Штајнмаер (65) ја прими вакцината, пренесува АП.

Во вторникот, германски експерти проценија дека вакцината АстраЗенека не треба да се користи кај лица постари од 60 години, поради тврдењето дека предизвикува формирање на тромби.

Слични содржини