Претседателот на Индонезија вети отштета за семејствата на жртвите од земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, денеска изјави дека владата ќе додели отштета за семејствата на жртвите, по земјотресот во најнаселената провинција во кој загинаа 162 лица.

Претседателот Видодо го посети градот Чианџур во провинцијата Западна Јава, каде што беше епицентарот на земјотресот, и им нареди на спасувачките тимови да им дадат приоритет на спасувањето на луѓето затрупани под урнатините и итно да дејствуваат во областите каде што се предизвикани одрони, пренесува „Ројтерс“.

 

Слични содржини