Претседателот на Ла Лига: Барселона е на добар пат да ги регистрира новите засилувања

од Vladimir Zorba

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изрази оптимизам дека во Барселона ќе можат да ги регистрираат сите нови засилувања за новата сезона.

Тој ја коментираше и ситуацијата со Френки де Јонг како и евентуалното враќање на РОналдо во Ла Лига.

„Ние ги следиме, но кога ќе ни ја покажат документацијата од финансиските полуги и играчите што треба да ги продадат, ќе видиме дали ќе ги регистрираат сите нови. Тие знаат што треба да направат. Мислам дека имаат уште малку работа за да постигнат се што треба, но тие се на вистинскиот пат. Дали ќе успеат за стартот на Ла Лига? Прашајте ја Барселона. Можам да кажам дека добро ги знаат правилата и знаат што треба да направат. Имаат уште работа, но имаат време да ја направат. Клубот продаде 10% од телевизиските права за 207 милиони евра. Потоа овој дел се зголеми на 25% што мислам дека им донесе уште 350 милиони. Ова се веќе 500 милиони евра, а мислам дека имаат уште една финансиска потпора за уште 200 милиони. Со овие постапки и ако продадат некои играчи, објаснува зошто тие имаат способност да привлечат играчи. Тие можеа да продадат имот, нешто што мораа да го направат, како и да ги намалат платите. Ова им овозможува да земат нови засилувања“, вели Тебас.

„Дека сакаат да му ја скратат платата на Де Јонг за да го задржат? Она што ќе го направи Ла Лига е да се држи до колективниот договор со Здружението на фудбалери. Играчите не можат да бидат екскомуницирани или под притисок, тоа е утврдено со колективен договор, закон, разум и етика. Оттаму, Барселона ги знае правилата и обврските во овој поглед. Роналдо? Би сакал да го видам во Ла Лига. Без разлика дали тоа е изводливо или не за Атлетико Мадрид, клубот ќе мора да продаде некои играчи доколку сака да ангажира играч од ова ниво“.

Слични содржини