Претседателот на Милан откри кога Пиоли бил блиску до отказ

од Vladimir Zorba

Претседателот на Милан, Паоло Скарони призна дека во еден момент клубот размислувал да се раздели со својот тренер Стефано Пиоли. Сепак, тој изрази задоволство што сепак му била изгласана доверба на менторот, што доведе до освојување на 19-тото скудето на „росонерите“.

Во денешното интервју за Radio Anch’io по вчерашниот триумф на тимот, Скарони беше запрашан дали поразот со 0:5 од Аталанта во декември 2019 година беше пресвртница за Милан.

„Не ме потсетувајте на овој натпревар. Бев таму и беше многу горчлив ден. Размислувавме да го отпуштиме Пиоли, но за среќа се решивме за спротивното и така започна успешниот период кој не доведе до Скудетото и до стабилизирање на нашите финансиски сметки“, одговори тој. „Вчера беше сензационален ден и доживеав неверојатна емоција што се исплатеше за вознемиреноста што ја имав секоја недела, почнувајќи од 24 часа претходно“, продолжи претседателот.

Скарони, исто така, призна дека клубот може да биде продаден кога беше прашан за иднината на директорите Паоло Малдини и Фредерик Масара, чии договори што истекуваат се уште не се обновени.

„Ние сме во фаза кога може да се промени сопственоста, па тешко ми е да давам предвидувања. Според мене, и двајцата треба да ја продолжат прекрасната работа што ја направија во последните години. Дали RedBird ќе го купи Милан за 1,3 милијарди евра? Што се однесува до Investcorp, прочитав дека направиле чекор назад, а наместо тоа RedBird направил чекор напред. Бројките за кои зборуваме покажуваат дека постигнавме не само спортски туку и финансиски успеси. Се надевам дека преговорите ќе завршат пред вистинскиот почеток на трансфер пазарот“, рече тој.

Менаџерот кажа неколку зборови и за напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, чиј договор со тимот исто така истекува за околу еден месец.

„Златан беше добар пророк кога рече дека ќе го води Милан до триумф. Не сум загрижен што ќе прави утре, тој ќе го најде вистинскиот пат“, додаде Скарони.

Слични содржини