Претседателот на ПСЖ во центар на скандал: Обвинет за криминал и поткупување на поранешниот генерален секретар на ФИФА

од Nikola Popovski

Новиот фудбалски скандал ја тресе Европа.

По исфрлувањето на Манчестер Сити од Лигата на шампионите во наредните две години, друг клуб со огромен прилив на арапски пари , Париз Сен Жермен, може да биде во неволја бидејќи започнати се кривични и истражни постапки против нивниот претседател, поради поткупување на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.

Ал Келафи како прв човек на телевизиската корпорација БИН, е вмешан во поткупување за доделување на правата на преносите од Светското фудбалско првенство.

Истрагата откри дека Валке најпрво примил околу 500.000 евра, што ги добил од трето лице, кое е обвинето и чиј идентитет не е откриен. Сето тоа се случило во вилата на Келафи во Сардинија. За Валке, исто така, се вели дека добил ексклузивни права за користење на вилата за 18 месеци, до периодот кога беше суспендиран од ФИФА.

Се проценува дека изнајмувањето таква вила за 18 месеци чини помеѓу 900.000 и 1,8 милиони евра.

Исто така, се тврди дека Валке преку неговата компанија „Спортинит ДОО’ добил околу 1,25 милиони евра со тоа што добил три исплати од трето-обвинетиот во 2013 и 2014 година, а уплатниците за плаќање се класифицирани како заеми.

Се тврди дека Валке ја злоупотребил својата позиција како генерален секретар на ФИФА и влијаел на распределбата на правата на Италија и Грција за Светското првенство и Купот на конфедерациите на ФИФА за периодот од 2018 до 2030 година на тие медиуми,  што тој ги фаворизирла, а за возврат добил три исплати со вкупна вредност 1,25 милиони евра.

Несомнено, овој скандал во врска со претседателот на ПСЖ би можел значително да ги вознемири „Светците“, кои со години се „под лупа“ на ФИФА и УЕФА поради прекршувања на финансискиот фер-плеј.

Слични содржини