Претседателот на ПСЖ: Зидан не би се вклопил во нашите планови

од Nikola Popovski

Се шпекулираше дека на клупата на Пари Сен Жермен ќе седне легендарниот Французин Зинедин Зидан, но претседателот на клубот Насер Ал Келаифи го демантираше тоа.

Келаифи за „Ле Паризиен“ изјави дека францускиот тренер не се вклопува во тактичките планови на клубот и дека никогаш не разговарал со него.

-Никогаш не сум разговарал со Зидан. Се одлучивме за друга менаџерска опција, тој не се вклопуваше во нашите тактички замисли, изјави претседателот на францускиот клуб.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека нов тренер на ПСЖ ќе биде Кристоф Галтје, кој го предводеше Лил до шампионската титула.

Од „Лекип“ најавија дека Галтје ќе биде на првиот собир на тимот на 4 јули, а во овој момент веќе бара соработници за новата работа.

Слични содржини