Претседателот на Рома вети дека нема повторно да скокне во фонтана

од Vladimir Zorba

Претседателот на Рома, Џејмс Палота, изјави дека нема повторно да скокне во фонтана, како што направи по триумфот над Барселона, доколку неговиот тим го совлада Ливерпул и се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Американскиот милијардер успехот кој го постигна Рома со победата над Барселона во Рим и пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите го прослави со скокање во фонтана на Пјаца дел пополо поради што беше казнет со 450 евра.

Тој покрај парите за казната, донираше дополнителни 230.000 евра за реконструкција на друга фонтана, но без разлика на тоа соопшти дека не планира нова егзибиција.

– Имам добро чувство, ќе видиме! Во секој случај фонтаната е вечерва затворена. Чув дека и Колосеумот е затворен, се пошегува Палота.

Рома за да обезбеди пласма во финалето мора да го совлада Ливерпул со најмалку три разлика, бидејќи на првиот натпревар беше поразена со 5:2.

Слични содржини