Претседателот на Samsung Electronics доби 18 месеци затворска казна

од Vladimir Zorba

Ли Санг-Хун, претседател на управниот одбор на Samsung Electronics, беше прогласен за виновен за кршење на законите на синдикатите и осуден на 18 месеци затвор. Обвинителите соопштија дека Ли Санг-Хун, заедно со околу 24 сегашни и поранешни вработени во Samsung, користеле различни начини за обесхрабрување на активностите на синдикатот на компанијата.

Тука се вклучени закани за намалување на платите, собирање лични информации за синдикалните работници и прекинување на работата со подизведувачи, кои ги поддржуваат синдикатите. Одлуката на судот е малку веројатно да ги засегне инвеститорите на Samsung, но тоа повторно ќе изврши притисок врз корејскиот гигант да ја подобри својата корпоративна култура.

Ова е уште еден предизвик за Samsung во последните години, откако шефот на корпорацијата Ли Џае Јонг помина една година зад решетки под обвинение за давање мито на поранешната претседателка, што доведе до нејзино соборување. Тој беше ослободен на почетокот на минатата година.

Сепак, Ли би можел да се врати во затвор затоа што неговата казна ја разгледува Апелациониот суд, што може да резултира со потешка казна. Врховниот суд на Јужна Кореја отфрли дел од претходната пресуда со која беше изречена условна казна од 2 и пол години, како одговор на обвиненија за мито и злоупотреба. Новата судска одлука се очекува следната година.

Финансиските перформанси на Samsung Electronics оваа година беа мачени од намалените набавки на мемориски чипови, што беше влошено со трговската војна меѓу САД и Кина. Околу три четвртини од оперативниот профит на Samsung доаѓа од бизнисот со полупроводници, така што секоја неизвесност за тоа има сериозно влијание. Во исто време, продажбата на паметни телефони исто така се забавува бидејќи помалку корисници брзаат да ги купат најновите модели.

Слични содржини