Претседателот на Шри Ланка го информираше Парламентот дека денеска ќе поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса, кој денеска побегна на Малдивите, телефонски го информирал претседателот на парламентот Махинду Јап Абејварден дека неговата оставка ќе биде испратена подоцна денеска.

„Претседателот ме контактираше по телефон и рече дека ќе се погрижи денеска да ја добијам неговата оставка“, рече Абејвардена во видео изјава, пренесе „Ројтерс“.

Владата на Шри Ланка апелира до граѓаните да останат смирени и да имаат доверба во парламентарниот процес кој ќе обезбеди избор на нов претседател на 20 јули.

Слични содржини