Претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката на Белгија кон македонските аспирации за членство во Европската Унија

од desk4

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, одржа средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос, како дел од својата работна посета на Белгија во Брисел. Во текот на средбата, двајцата лидери разменија мислења за вкупните билатерални односи меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски го оцени природниот и конструктивен карактер на соработката помеѓу двете земји. Тој изрази благодарност за поддршката на Белгија кон македонските аспирации за членство во Европската Унија и се увери дека оваа поддршка ќе продолжи и во текот на белгиското претседателство на Европската Унија во првата половина од следната година.

 

Слични содржини