Претседателот Пендаровски ја почна официјалната посета на Албанија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Рeпублика Северна Македонија, Стево Пендаровски  ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.

Слични содржини