Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, гостуваше на ТВ Информер во емисијата Колегиум 3, каде што разговараше за актуелните политички и економски теми, како и за ситуацијата во регионот и надворешнополитичките односи на Србија.
Вучиќ се осврна на т.н. обоена револуција, изјавувајќи дека постојат бројни докази за неа. Тој посочи дека има најави од претставници на различни невладини организации и политички партии за подготовката на овие настани. Претседателот објасни дека организирањето на такви настани бара значителни средства, што, според него, ги поставува прашањата за финансирањето на овие активности и нивната поддршка од странски извори.
„Колку помалку ги има, толку е подобра организацијата, за да се сокрие фактот дека ги има помалку. Целата приказна е целосно бесмислена. Во таа организација се вклучени оние во кои се инвестираше со години“, додаде Вучиќ.
Тој исто така ја спомена британската амбасада, напоменувајќи дека има информации за вмешаност, но дека не може да твди со сигурност. Вучиќ се осврна и на активностите на РТС, кој, според него, активно учествувал во обаената револуција, што ќе го опише во неговата книга која ќе стане значајно читање во некои делови од светот.
Вучиќ говореше и за улогата на медиумите и обвинителките кои, според него, биле директно вклучени во политиката, имајќи поддршка однадвор. Тој изјави дека целото тоа дејствување е дозволено, бидејќи тие имаат поддршка од странски сили.
Во емисијата, Вучиќ ги спомена и многуте предизвици што ги има Србија во оваа нова геополитичка реалност, како и важноста на посетата на Москва, која ќе се случи на 9 мај.