Претставничките на овој знак се многу емотивни и интуитивни

од Берта Китинска

Претставничките на овој знак се мистериозни. Тие на мажите знаат да им ја понудат идеалната количина на предизвик и соодветно да ги наградат кога го заслужуваат тоа. Скорпиите се многу емотивни и интуитивни. Тоа им дава една необична способност да ги откријат вашите задни намери, многу кратко откако ви поминале низ умот. Затоа, поштедете се себеси од срамот и останете реални кога ù пристапувате на вашата скорпија.

И покрај тоа што женските скорпии се многу среќни кога се во љубовна врска, сепак тоа не значи дека таа лесно ќе го даде нејзиното срце на некој маж. Многу е можно да има проблем да им верува на луѓето, бидејќи знае што значи да се чувствуваш повредено и разочарано – го осетила тоа на своја кожа повеќепати. Секој потенцијален партнер, ќе мора прво да помине низ серија од тестирања, за да може да дојде до стадиум во врската, во кој таа целосно ќе му ја отвори нејзината душа.

Слични содржини