Претставниците на Србија ги спречуваа претставниците на Косово со удирање по масите на средбата во Сараево

од Илинка Илиоска
544 прегледи

Со удирање по масите и обиди да го исклучат микрофонот, претставниците на Србија денеска се обидоа да ги спречат претставниците на Косово да зборуваат на состанокот на претставниците на парламентарните комисии за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, што се одржа во Сараево.

Претставникот на движењето Самоопределување, Арбер Реџај ја потврди оваа информација која ја објави и на Фејсбук.

„Денеска заедно со пратеникот Ерџан Галуши учествуваме на овој форум (комисија за одбрана) на кој учествуваат земјите од Југоисточна Европа. Србија повторно се обиде да ги прекине нашите говори удирајќи со тупаници по масата, исклучувајќи ни ги микрофоните, како вистински насилници. Но, не успеаја и никогаш нема да можат“, изјави Реџај.

Тој додаде дека членовите на делегацијата отворено кажале дека Косово е меѓународно призната држава, потврдено од Меѓународниот суд на правдата, а нападот на Бањска на Косово докажува дека Србија не се променила и дека е исто како што беше во текот на времето на Слободан Милошевиќ.

Реџај изрази благодарност до претставниците на Албанија и Хрватска кои се спротивставија на претставниците на Србија и јасно застанаа на страната на Косово.

Слични содржини