Претставниците на Европрајд поднесоа петиција со 27.000 потписи до Владата на Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Организаторите на Европрајд 2022 и претставниците на Европската асоцијација на гордоста денеска поднесоа петиција до Владата на Србија со 27.000 потписи, во која, како што рече координаторот Горан Милетиќ, се бара претседателот и премиерот да ги искористат своите авторитети и овластувања за да овозможат одржување на Европрајд.

Милетиќ на вонредна прес-конференција рече дека најавената прошетка ќе се одржи утре и дека претставниците на Европрајд инсистираат манифестацијата да се одржи во форматот во кој е планирана.

Горан Милетиќ наведува дека во текот на претходните денови, од почетокот на неделата на Европрајд, немало ниту еден инцидент и изјави дека утре ќе излезат на симболична прошетка од Уставниот суд.

Слични содржини