Преземал слики од девојки од Фејсбук и ги објавувал на порно-сајтот „xHamster“

од Nikola Popovski

Поднесена е кривична пријава против 26-годишен струмичанец кој злоупотребил фотографии на четири девојки и ги прикачил на порно-сајт.

„Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, коишто оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни xHamster“, соопштија од МВР.

Четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.

„При претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, биле пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден бил и друг доказен материјал од интерес на постапката“, наведуваат од полицијата.

Слични содржини