Презентиран Toyota bZ Compact SUV

од Vladimir Zorba

Новиот Toyota bZ Compact SUV ја има својата светска премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Toyota на тој начин дава навестување за тоа што во иднина би можел да донесе концептот bZ во верзијата на компактен теренец, проширувајќи ја визијата на компанијата под капата на брендот „bZ“ (Beyond Zero)…

Концептот bZ Compact SUV на Toyota е дизајниран како електрично возило со полна батерија (BEV), користејќи чисти и светли дизајнерски идеи. Овој пристап ја слави двојноста на возилото кое истовремено го нуди минималистичкиот дизајн што би го очекувале од BEV со виталноста на иднината. Концептот претставува возило со нулта емисија на штетни гасови, за чие производство се избрани одржливи материјали со мало влијание врз животната средина, кои во исто време овозможуваат динамични перформанси, примена на водечка технологија и модерен изглед на автомобилот.

Аеродинамичниот облик на концептното возило го подобрува неговиот футуристички изглед, препознатлив по тркалата поставени во самите агли на каросеријата, со што се нагласува агресивната положба, создавајќи впечаток дека возилото се движи дури и кога стои во место. Кратките настрешници и аглите на вртење придонесоа овој концепт да добие изглед на возило со напредна технологија, додека заострениот дизајн на кабината му дава агилен изглед со мала отпорност.

Острите линии се протегаат до внатрешноста на автомобилот, со извонредно изработени детали што резултираат со препознатлив изглед. За да ја заокружи темата Beyond Zero, дизајнерскиот тим создаде неколку еколошки решенија, како што се седиштата направени од растителни и рециклирани материјали. Личниот асистент во автомобилот ги поврзува возачот и патниците со возилото користејќи звучни и визуелни светлосни сигнали што течат низ кабината, одговарајќи на барања или команди од патниците напред или назад.

Со својата порака Beyond Zero, Toyota замислува иднина каде што јаглеродната неутралност ќе се постигне преку практично распоредување на портфолио на производи со напредни, алтернативни технологии за погон на гориво и нулта емисија. Разновидната палета на електрифицирани производи ќе и помогне на Toyota да ја постигне својата наведена глобална цел за јаглеродна неутралност до 2050 година.

Повеќе информации за овој концепт ќе бидат објавени во декември 2022 година.

Слични содржини