При честото миење раце потребна е и соодветна нега

од Elena Daskalova

Редовното миење на рацете е очекувано и препорачливо, а во овој период задолжителна е и дезинфекцијата. Но, што ако кожата не може да го поднесе до крај сето тоа?

Многу луѓе кои имаат сува кожа се соочуваат со проблемот со уште поинтензивно сушење на дланките, но и со пукање и отворање мали рани кои може да болат и печат. Што да направите во ваква ситуација?

Негата со хидратантни креми е задолжителна иако не е идеално решение кога сте надвор, бидејќи полесно ќе се лепат честички на површината на кожата. Исто така, многу е важно по миењето добро да ги исушите рацете со крпа или со хартиен бришач. Дури откако се целосно суви, нанесете хидратантна крема.

Доколку оштетувањето е големо можно е да треба да употребите помрсни креми или да ја негувате со кокосово масло. Ако имате константен проблем со сушење на кожата на рацете, препорачливо е да ја користите онаа маст или крема која ја употребувате вообичаено.

Пред спиење можете да нанесете подебел слој крема и да ги заштитите рацете со ракавици. Во овие услови честото миење раце и нивно дезинфицирање е задолжително, но не занемарувајте ја и редовната нега.

Слични содржини