При ископ на гробно место, вработен во погребално во Бутел пронашол граната

од Nikola Popovski

Вработен во погребалниот сервис Бутел вчера во полицијата пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во селото Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната.

Од полицијата информираат дека гранатата била со должина од околу 30 сантиметри.

Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Слични содржини