При крај реконструкцијата на Клиниката за ортопедија

од Берта Китинска

На Клиниката за ортопедија, после неколку децении, при крај се реконструктивните зафати каде на крајот од месецот ќе се сместат пациенти со многу специфична патологија како тумори на коски и останати комплексни зафати кои се работат на оваа Клиника, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Реконструираниот оддел за Таруматологија веќе подолго време е во функција, за што му честитам на директорот д-р Александар Трајановски за ангажманот со целокупниот стручен колегиум кои направија се да се спроведе и заврши целиот процес. Денеска на Клиниката, нашите партнери од Црвен Крст, д-р Саит Саит генерален секретар на оваа организација, донираа опрема за болничките соби, заштитини средства и мали транспортни апарати за механичка вентилација кои се многу корисни при транспорт на пацинети на кои им е потребна кислородна поддршка. Нашето партнерство со Црвен Крст години наназад е одлично, се интезивираше во време на пандемија. Крводарителските акции и во време на ковид кризата на запреа, а помошта од младите волонтери на Црвен Крст е клучна и во процесот на вакцинација за што сум им многу благодарен, рече Филипче.

Слични содржини