При претрес во Битола пронајдена дрога

од Milan1

„Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Б.К. (24) од Битола, бидејќи при претрес во неговиот дом во Битола, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана и повеќе банкноти во различни валути и апоени.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.

Слични содржини