Прибавените снимки се олицетворение на несериозност, изјави Боки 13 во судница

од Vladimir Zorba

Во продолжение на рочиштето за „Рекет“ беа презентирани нови снимки од страна на поранешната специјалната обвинителка, Катица Јанева која се гледа како е следена и тајно снимана од страна на МВР.

На снимките се гледа како има средби со нејзината сестра и синот. Според снимките, Јанева посетува и салон за убавина, а на една од снимките се гледа како посетува адвокатска куќа, па во просториите на СЈО.

Ресторанот „Ден и ноќ“ е следната локација на која е снимена Јанева како вечера со нејсзината сестра и уште две машки лица. Јанева со нејзината сестра се снимени како ја посетуваат и Геријатрија, каде што веројатно беше сместена нејзината веќе почината мајка.

Единствените прибавени снимки се олицетворение на несериозност, посочи првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски во приговорот.

– Овие докази од обвинителството, можам да забележам дека јас сум само мало бебе, во однос на она кој прв доби куќен притвор, а сега е и осуден, додаде Боки13.

Како се изготвени снимките и извештаите зависи од условите и можностите на полицијата, вели обвинителката Вилма Русковска.

Наредното рочиште е предвидено да продолжи утре во 10 часот.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини