Прифатен е договор за грант од САД во висина од 8,2 милиони долари

од Nikola Popovski

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Договорот за грант во висина од 8.258.792 американски долари е наменет за зајакнување на економска конкурентност, на проекти за зголемен придонес на младите во општеството, како и за проекти за сузбивање на корупција преку зголемена отчетност на јавниот сектор и со зајакнување на културата на отчетност кај граѓаните.

loading...

Слични содржини