Прифатени уште 5.000 приговори за домашната платежна картичка

од Vladimir Zorba

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години.

Во текот на утрешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат.

Проверка на сите поднесени приговрои од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори

До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе биде позната вкупната конечна бројка на прифатени приговори.

Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, додава министерката.

Слични содржини