Пригожин: Борците на „Вагнер“ ја презедоа контролата врз целиот Соледар

од Stefanija Kuzmanovska

Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин изјави дека нејзините припадници ја презеле контролата врз целата територија на Соледар во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), но дека борбите продолжиле во центарот на градот.

„Единиците на Вагнер ја презедоа контролата над целата територија на Соледар. Формиран е џеп во центарот на градот каде се водат улични борби. Бројот на затвореници ќе биде објавен утре“, се вели во соопштението на Пригожин објавено на веб-страницата на неговата компанија Конкорд на платформата „УКонтакт“.

Тој истакна дека во нападот на Соледар учествувале само борци на „Вагнер“.

Слични содржини