Пригожин на својот син му оставил 116 милиони евра? Наводен тестамент на водачот на Вагнер предизвика хаос

од Stefanija Kuzmanovska
658 прегледи

Евгениј Пригожин, загинатиот водач на групата „Вагнер“, во тестаментот му го оставил личното богатство на својот 25-годишен син Павел, а парите на кои момчето би можело да полага право надминуваат сума од една милијарда евра.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ наведува дека веста за тоа ја објави истражувачкиот медиум „Инсајдер“, повикувајќи се на телеграм каналот Порт, кој покажа слика од наводниот тестамент потпишан од Пригожин во март.

Порт цитираше извор близок до семејството Прогожин кој тврди дека во кланот имало несогласувања околу овој тестамент, бидејќи Павел одбива да го подели наследството со своите најблиски роднини.

Се наведува дека помладиот Пригожин треба да наследи сума од околу 12 милијарди рубљи, што е околу 116 милиони евра.

Сепак, парите што би можеле да му следуваат се многу поголеми, бидејќи Павел планира да ги наплати сите долгови на компаниите во сопственост на неговиот татко, вклучително и „Вагнер груп“, министерството за одбрана на Русија, кои изнесуваат меѓу 75 и 80 милијарди рубљи или околу 785 милиони евра.

Во наводниот тестамент има и клаузули според кои Павел е должен да се согласи да донира дел од акциите на компаниите на Пригожин, но не се прецизира на кого и во кој износ.

Покрај тоа, во наводниот документ се наведува дека Павел мора да „обезбеди пристојна егзистенција“ за вдовицата на Пригожин, нејзините ќерки Полина и Вероника и неговата мајка Виолета, која ќе има право на десет отсто од наследството како пензионерка.

Британскиот „Скај њуз“ објави тврдења на Американскиот институт за проучување на војната (ISW) дека помладиот Пригожин сака да ја преземе командата на групата „Вагнер“ и преговара со руската национална гарда Росгардија за платениците повторно да се приклучат во борбите во Украина.

Слични содржини