Пригожин: „Вагнер“ планира да регрутира околу 30.000 нови борци до средината на мај

од Radmila Tasevska

Приватната паравоена група „Вагнер“ планира до средината на мај да регрутира околу 30.000 нови борци, изјави денес основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Тој во аудиопорака на апликацијата Телеграм рече дека центрите за регрутирање на Вагнер во просек примаат од 500 до 800 луѓе дневно, пренесе Ројтерс.

Пригожин минатата недела изјави дека центрите за регрутирање на Вагнер биле отворени во 42 руски градови.

Слични содржини