Пријатели на Анџелина Џоли се загрижени за нејзиното ментално здравје: Поради една изјава сите реагираа

од Nikola Popovski
114 прегледи

Блиските пријатели на Анџелина Џоли се загрижени за нејзиното ментално здравје откако актерката во едно интервју признала дека често се чувствува осамено.

Актерката тогаш се нарече себеси „несовршена“ и признала дека се чувствува осамено како покојната оперска дива Марија Калас. Како што е познато, Анџелина ја толкува Марија во истоимениот филм.

– Анџелина толку многу се посветува на своите улоги што често е целосно исцрпена на крајот од снимањето, особено по снимањето на филмот за Марија. Мора да почне да се става себеси на прво место или се ќе се одрази на нејзиното здравје – изјавила нејзината пријателка за „Radar Online“.

Анџелина неодамна на премиерата во Лос Анџелес изјави зошто мисли дека Марија и таа се слични.

– Не сакам да зборувам премногу за тоа бидејќи е премногу лично, но дефинитивно постои осаменост и работна етика. Можам да бидам секаква, но јас сум многу вреден работник, нели? Не сум совршена, но работам напорно, исто како неа – изјавила таа.

Таа додала дека и двете се строги кон себе.

Слични содржини