Пријателите тврдат: Хари и Меган ќе го растат синот како веган

Принцот Хари и Меган Маркл планираат својот син Арчи да го растат како веган, тврдат извори блиски на парот. Таа вест протече уште на почетокот на минатата година, но се претпоставуваше дека монархијата нема да ја толерира нивната желба синот да го воспитуваат и растат во вегански дух, пишува британскиот The Sun. Откако Хари и Меган го напуштија кралското семејство, многу веруваат дека парот конечно ќе ги оствари своите амбиции.

Откако станаа родители, Хари и Меган одгледуваат зеленчук, а Меган го учи Хари да готви веганска храна.

„Хари не беше одличен готвач кога ја запозна Меган, но таа го учи на сите трикови“, рекол еден од изворите.

Парот се одлучил да се храни здраво штом дознале за бременоста, а познато е дека МЕган се идентификува како флекситеријанска. Флекситеријанската диета е исхрана во која доминира зеленчукот, но во која месото не е исклучено.

Во интервју за Best Health, Меган рекла дека во работните денови се обидува да се храни здраво и јаде само билна храна, додека во викендите јаде и месо.

Здружението за правата на животните ПЕТА, смета дека одлуката на парот за да го расте детето како веган е добра работа. Се надеваат дека со тој чин ќе ја подигнат свеста за потреба за заштита на животните.

Сепак, многумина започнаа да се прашуваат дали постои опасност за детето доколку му се скрати исхраната со месо. Американската Академија на педијатри и Академијата на нутриционисти се согласуваат дека нема причина за грижа. Нагласиле дека добро испланираната веганска исхрана е сигурна за децата и младите и многу здрава.

Слични содржини