Пријателството со поранешниот е најлошата идеја, еве зошто

Без оглед на се што сте слушнале, идејата да останете во добри односи со поранешниот партнер никако не е добра идеја, покажало едно психолошко истражување. Листата со причини е огромна, но овие пет се издвоени од сајтот BrightSide.

1. Чувствата не исчезнуваат толку лесно

Доколку гаите било какви чувства кон поранешниот партнер, зошто би влегувале во „пријателска зона“? Замислете како ќе се чувствувате кога ќе почне да ви раскажува за својата нова врска.

2. Помали се шансите повторно да се вљубите

Доколку постојано се гледате со поранеѓниот, потешко ќе го преболите, што ќе ви отежнува и во запознавањето на некој нов. По раскинувањето на луѓето им е потребно време за да се „оладат“, а во друштво на поранешниот тоа е невозможно.

3. Вашиот поранешен партнер можеби се уште нешто чувствува за вас

Доколку вие сте го иницирале раскинувањето, можно е пријателството само да го отежне процесот за опоравување на партнерот. Земете ги предвид и неговите чувства.

4. Можеби ќе се смирите

Ова можеби ви звучи како добар расплет, но смирувањето со поранешниот најчесто не се покажува како добра идеја. Сигурно сте прекинале со добра причина, а грешките секогаш можат да се повторат.

5. Можно е да бидете љубоморни

Доколку вашиот поранешен партнер продолжи понатаму и најде некој нов, најверојатно ќе бидете љубоморни, или на неговата нова девојка, или затоа што му оди подобро од вас. Во секој случај, тоа не се пријателски чувства па затоа најдобро е да го избегнете контактот по завршувањето на врската.

Слични содржини