Актуелно
Почетна / Сцена / Пријавена фотографијата на Вељко од крштевката на неговиот син

Пријавена фотографијата на Вељко од крштевката на неговиот син

Пред три дена, Вељко и Богдана Ражнатовиќ го крстија нивниот едномесечен син Жељко во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, а тие објавија снимки и фотографии од настанот на социјалните мрежи. Меѓутоа, Вељко доживеа непријатност кога некои корисници на Инстаграм ја пријавиле фотографијата на која е со со неговата сопруга Богдана, синот Жељко и кумот, објави „Нова.рс“.

Вељко повторно ја објави истата фотографија, но беше видно изнервиран, со оглед на описот во кој им се обрати со навредлив збор на оние што ја пријавиле фотографијата.

„Бидејќи стоката пријавува, одиме повторно! Крштевката на Жељко на денот на ослободувањето на српскиот народ и големите два светци. Куме, нека е со среќа“, напиша Вељко во новата објава.

loading...