Пријавени 14 кандидати за членови на ДИК

од Берта Китинска

Пријавени се 14 кандидати за членови на Државната Изборна комисија меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како кандидати се истакнуваат Бобан Стојаноски и Александар Даштевски, а пак Кренар Лога е кандидат за член кој доаѓа од Алијанса за Албанците, додека ДУИ е Дитмире Шеху.

Останатите кандидати се: Јанаке Витановски, Борис Кондарко, Бети Ѓоргиевска, Оливер Ристовски, Љупка Гугучевска Филипоска, Радица Ристеска, Елизабета Постоловска, Димитар Спасески, Кренар Лога и Зоран Михајлоски.

Кандидатите што ќе ги предложат партиите треба да добијат дво-третинско мнозинство.

Огласот кој што Собранието го распиша пред Нова година пријавени се 14 кандидати, а комисијата за избори и менувања денеска треба да го констатира овој список.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

Слични содржини