Прилеп бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки

од Берта Китинска

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски вели дека ситуацијата со пандемијата е крјано загрижувачка.

-Недостигаат волонтери и за снабдување со храна на изолираните и оние кои се лекуваат во домашни услови. Поради алармантната состојба и потребата од зголемен број медински персонал во Инфективното оддление, Општинскиот кризен штаб го задолжува претседателот на Здружението на матични лекари од нашиот град, почнувајќи од утре па во наредниот период, да обезбеди по два тима, составени од доктор и медицинска сестра, кои ќе волонтираат по систем на ротација во втора и трета смена во Инфективното одделение, вели Јованоски.

Во Прилеп  има над 1000 заразени,  а во самоизолација 1320.

 

Слични содржини