Прилепчанец застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште

од Vladimir Zorba

25 годишен прилепчанец е застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште.

Според првичните информациите од МВР денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека сега починатиот прилепчанец со свои пријатели биле на лов диви свињи во Мариово.

Еден од групата ловџии најверојатно по грешка наместо во пленот за одстрел пукал во својот другар.

Бидејќи теренот бил недостапен повикан е хеликоптер за да биде извлечено телото.

Екипа од итната медицинска помош констатирала дека младиот ловџија им подлегнал на повредите..

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција,а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.

Слични содржини