Пример за сите: Куче греело повреден планиран со своето тело цели 13 часа

од Nikola Popovski

Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека утрово е завршена една од најтешките спасувачки операции што ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал на падина од 150 метри на највисокиот врв Велебит (Вагански врв).

Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра, пренесува „Далмација денес“. Повредениот планинар бил на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа.

Спасувачите објавија и детал кој ги воодушеви сите. Имено, неговото куче се лизнало по падината, заедно со планинарот. Тоа не бил повредено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со телото 13 часа, пренесува Танјуг.

„Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг“, напишаа спасувачите.

 

Слични содржини