Примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила

од Берта Китинска

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас со посредство на Египет стапи на сила во петокот, а американскиот претседател eо Бајден вети дека ќе го спаси уништениот појас Газа со хуманитарна помош по најлошиот конфликт со Израел во последните неколку години.

Палестинците, од кои многумина поминаа 11 дена во страв од израелско гранатирање, излегоа на улиците во Газа, а звуците од џамијата ја означија „победата на отпорот над окупацијата“.

Двете страни изјавија дека се „подготвени да возвратат за какво било кршење на прекинот на огнот“.

Каиро соопшти дека „ќе испрати две делегации да го следат прекинот на огнот“.

Нов циклус на насилство избувна на 10 мај кога Хамас започна да го ракетира Израел по повеќенеделни тензии за можни присилни иселувања на палестински семејства во Источен Ерусалим и полициски судири со Палестинците за време на Рамазан во близина на џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите

Конфликтот значеше дека многу Палестинци во Газа не можат да го слават Курбан Бајрам, па затоа во петокот се одржаа одложени прослави низ цела Газа.Здравствените власти во Газа соопштија дека „232 Палестинци, од кои 65 деца, загинаа во воздушни бомбашки напади, а над 1.900 лица беа повредени“.

Властите утврдија дека бројот на жртвите во Израел е 12, а стотици луѓе се повредени во ракетни напади кои предизвикаа голема паника во земјата.

Хамас, исламистичката милитантна група што владее со Газа, ги опиша борбите како успешен отпор на воено и економски посилниот непријател.

Претходно, Бајден побара израелски премиер Бенјамин Нетанјаху за деескалација, додека Египет, Катар и Обединетите нации се обидоа да посредуваат.

Во телевизиско обраќање во четвртокот, Бајден го поздрави примирјето меѓу Израелците и Палестинците со посредство на Израел, со што се стави крај на конфликтот меѓу израелските трупи и Хамас по 11-дневни жестоки борби.

Тој вети дека Соединетите држави, во соработка со Обединетите нации и другите меѓународни чинители, ќе доставуваат хуманитарна помош за луѓето во Газа и ќе учествуваат во реконструкцијата на областа.

Американскиот претседател истакна дека помошта за реконструкција ќе биде извршена во соработка со палестинските власти, а не со Хамас, кој САД го означуваат како терористичка организација и кој го контролира Појасот Газа.

Слични содржини