Принцот Чарлс ја победи короната, па проговори за вирусот: Чудно е и фрустрирачки кога сте болни (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Принцот Чарлс (71) се опорави од инфекцијата КОВИД-19, што пред неколку дена и официјално го потврди кралското семејство.

Чарлс, кој беше прв во редот за британскиот престол, рече дека имал „само благи симптоми“ и им се обрати на Британците и светот со видео-порака во која го опишува неговото искуство со вирусот.

„Ова е сè уште ново за сите нас. Чудно и фрустрирачки е кога сте болни и вашето семејство и пријатели не смеат до вас и не можат да ви помогнат. За среќа, немав тешки симптоми и добро сум. Во овие тешки времиња, моите мисли ина мојата сопруга се со сите оние кои ги загубија најблиските поради пандемијата на вирусот. Како и со оние кои се и самите болни и кои се осамени и изолирани“, порача Чарлс.

Инаку, тој се тестирал кога дознал дека принцот Алберт од Монако (62) е позитивен на КОВИД-19, инфекција предизвикана од новиот тип коронавирус (САРС-КоВ-2). Тој беше во контакт со него, поточно, седеше спроти него на настан во Лондон.

Обраќањето го искористи за да се заблагодари на здравствените работници, волонтерите и соседите кои во овој момент се грижат за стари лица.

„Тие вложија херојски напори, се ставаат во опасност и прават се што е во овие моменти да ги спасат нашите животи. Горди сме на вас. За сите нас, ова е нова ситуација, предизвик со кој никогаш не сме се соочиле. Опасност по нашето здравје и економијата. Никој од нас не може да каже кога ќе помине сето ова, но ќе помине. Се додека не се случи тоа, ние мора да имаме надеж, верба во себе и во другите и да очекуваме подобри и посреќни времиња кои ќе дојдат“, заклучи британскиот принц на крајот.

Слични содржини