Принцот Филип примен во болница

од Берта Китинска

Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, е хоспитализиран  во Лондон, бидејќи се чувствувал лошо, соопшти денеска Бакингемската палата.

-Војводата од Единбург (99) беше примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон во вторникот вечерта. Неговата хоспитализација е мерка на претпазливост по совет на лекар, бидејќи се чувствуваше лошо, се наведува во соопштението.

Се додава дека принцот Филип ќе остане во болницата неколку дена за да се набљудува и одмара.

Принцот Филип се пензионираше во август 2017 година, откако учествуваше во повеќе од 22.000 јавни настапи од крунисувањето на Елизабета Втора во 1952 година.

Филип и кралицата (94) ја примија првата доза на вакцина за коронавирус на почетокот на јануари во замокот Виндзор каде се повлекоа поради епидемијата.

Слични содржини