Принцот Хари без Меган на абориџински состанок во Австралија

од Vladimir Zorba

Принцот Хари се сретна со заедницата на Абориџините на островот Фрејзер во источниот дел на Австралија без бремената сопруга Меган која ограничи некои свои обврски во кралската турнеја, пренесе Франс прес.

Распоредот на кралскиот пар на Австралија е премногу зафатен, вклучително и со ангажманите во Сиднеј, Мелбурн и Дубаи, како и отворањето на игрите Invicta за болните и повредените војници. Кратко по пристигнувањето на 34-годишниот принц Хари и 37-годишната Меган во Австралија, Кенсингтон Палас објави дека очекуваат дете на пролет следната година.

Потоа, двојката одлучи да го ограничи ангажманот на екс-ѕвездата на адвокатската серија за време на турнејата. Војводата од Сасекс беше пречекан со традиционална абориџинска церемонија на брегот на езерото Мекензи на островот Фрејзер, во близина на брегот на Квинсленд.

Подоцна, принцот одеше бос над белиот песочен брег на езерото, што е извор на вода за пиење за локалното население пред тој да го испрска лицето со вода. Островот Фрејзер е вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тоа е најголемиот песочен остров во светот.

Слични содржини