Принцот Хари и Меган во посета на Њујорк (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Принцот Хари и Меган Маркл се во Њујорк, а посетата започна со обиколка на градот од височина – од опсерваторијата на зградата на Светскиот трговски центар (СТО).

Двојката од британската кралска куќа треба да учествува на концертот „Глобален граѓанин во живо“ во Централ парк во Њујорк во сабота, организиран за промовирање на еднаков пристап до сите на вакцината против Ковид.

Посетата на кралскиот пар на СТО е прво појавување во јавноста од раѓањето на нивното второ дете во јуни, ќерката Лилибет.

Хари (37) и Меган (40) им оддадоа почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември во Њујорк со поклонување пред споменикот и посета на музејот.

Двојката се откажа од кралските должности на почетокот на 2020 година и сега живее во Калифорнија.

Во мај, Меган и Хари го прославија вториот роденден на нивниот син Арчи со повик за донации, со цел набавка на вакцини против Ковид-19 за најранливите во светот.

Саботниот концерт, на кој ќе настапат Колдплеј, Џенифер Лопез и Лизо, меѓу другите, ќе биде дел од 24-часовниот пренос од градовите низ светот „за спасување на планетата и борба против сиромаштијата“.

Слични содржини