Принцот Хари и Опра објавија трејлер за новата серија за менталното здравје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Принцот Хари зборуваше за важноста на менталното здравје во трејлерот за документарната серија на која работи со Опра Винфри, а нејзината цел е да ја дестигматизира оваа, сè уште табу тема во светот.

Во повеќеделното шоу ќе бидат емитувани интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и ѕвездите на НБА, Демар Дерозан и Ленгстон Галовеј, кои ќе им кажат на гледачите за своите лоши и добри искуства и ќе им помогнат во однос на менталното здравје и емоционалната благосостојба .

Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, и двајцата се појавуваат во емотивната најава за филмот „The Me You Can Not See“, чија премиера ќе се одржи во петок.

Хари е ко-креатор на серијата и извршен продуцент, емитувањето нема да биде бесплатно, а шоуто ќе се прикажува на Apple TV +.

„Одлуката за прифаќање на помош не е знак на слабост. Во денешниот свет, повеќе од кога било, тоа е знак на сила“, вели Хари.

Целта на повеќеделното шоу, кое ќе зборува за личните искуства и борби на Хари и Опра, е да ја дестигматизира крајно погрешно разбраната тема и да им помогне на гледачите да се соочат со слични проблеми.

Во шоуто ќе бидат прикажани и снимки од Хари на погребот на неговата трагично почината мајка Дајана во 1997 година и извадоци од неговиот живот со сопругата Меган и синот Арчи.

Само пред неколку дена, во интервју за Дакс Шепард, принцот призна дека се врти во магичен круг на болка и страдање живеејќи во британското кралско семејство.

Тој беше многу критичен кон начинот на воспитување од неговиот татко, принцот Чарлс, кој, според него, се соочувал со слични проблеми уште во своето детство.

Слични содржини