Принцот Хари и Опра Винфри најавија нова емисија

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари (36) е еден од креаторите и извршните продуценти на шоуто за ментално здравје „The Me You Can’t See“, кое ќе го снима заедно со водителката Опра Винфри, а неговото емитување ќе започне наскоро и нема да биде бесплатно.

Имено, 36-годишниот Хари го најави шоуто во видео во кое вели дека повеќето луѓе носат некаква форма на нерешена траума, загуба или тага. Со тоа тој даде до знаење дека во шоуто ќе се зборува за неговото ментално здравје и загубата на неговата мајка принцезата Дајана, како и за сè што минуваше откако Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, односно негова сопруга.

Во емисијата ќе бидат емитувани и интервјуа со пејачката Лејди Гага, актерката Глен Клоуз и Ѕвездите на НБА, Де Мар Де Росан и Ленгстон Галовеј, кои ќе се обидат да им помогнат на гледачите со проблеми со менталното здравје и емоционална благосостојба.

Тие ќе ја занемарат културата, возраста, полот и социо-економскиот статус со цел да дестигматизираат крајно погрешно разбрана тема и да им дадат надеж на гледачите, кажувајќи им дека не се сами во своите борби.

Шоуто треба да започне да се емитува на 21 мај, објави Опра Винфри преку соопштение за јавноста, како и на социјалните мрежи, а Хари рече дека се надева дека неговиот последен проект ќе покаже дека има сила во секоја ранливост.

Слични содржини