Принцот Хари ја изненади Меган со одмор на Ибица

од Vladimir Zorba

На 4 август, Меган Маркл наполни 38 години, а подоцна го прослави роденденот со стил.

Извор на Entertainment Tonight известува дека војвотката од Сасекс го поминала својот роденден во Лондон, но потоа, без непотребна врева, заминала со принцот Хари и нивниот 3-месечен син Арчи на семеен одмор во Ибица, Шпанија. Таму поминале 6 дена, каде престојувале во приватна вила.

Ова не е првпат аристократите тајно да ја напуштат британската престолнина на одмор. Пред 3 дена, фотографија од нивната посета на Боцвана, Африка за Светскиот ден на слоновите, се појави на официјалниот профил на Инстаграм. Тие беа таму малку пред да ја објават својата веридба пред две години.

Кралското семејство сега планира да ја посети Јужна Африка на официјална турнеја што ќе се одржи оваа есен. Блиски до парот изјавија дека Меган е активно вклучена во планирањето на секој чекор од посетата.

Принцот Хари ќе отпатува и во Ангола, Малави и Боцвана, кои се станици за време на патувањето на семејството.

Извор на медиумот забележува дека филантропското дело на Меган е од исклучително значење за неа и дека војводата и војвотката сакаат да извлечат максимум од своето патување.

Слични содржини