Принцот Хари: Кралицата е во одлична форма, кога е со мене секогаш е многу смешна

од Vladimir Zorba

Во интервју за утринската програма на NBC, водена за време на Игрите Invictus во Хаг, принцот Хари рече дека се погрижил кралицата Елизабета „да ги има вистинските луѓе околу неа“ за време на нејзината средба со него и дека таа е „заштитена“.

Хари и неговата сопруга Меган ја посетија кралицата во замокот Виндзор како дел од нивната прва заедничка посета на Британија, откако се откажаа од кралските должности во март 2020 година и по интервјуто со Опра Винфри што го шокираше кралското семејство.

„Беше одлично да се помине време со неа“, рече Хари во интервју за Today, утринската програма на NBC. „Беше многу убаво да ја видам. Таа е во одлична форма и кога е со мене секогаш е многу смешна“.

„Морав само да се погрижам да биде заштитена и да има вистински луѓе околу неа. А мојот дом сега е… за мене во моментов е во Соединетите држави“.

Хари, Меган и нивните две малолетни деца живеат во Калифорнија.

Хари не присуствуваше на неодамнешната комеморација за неговиот дедо поради спорот со британските власти за безбедноста што ја бараше за своето семејство за време на посетата на Британија.

Кралицата, која во четвртокот наполни 96 години, се најде во центарот на вниманието на јавноста откако во октомври мина една ноќ во болница од непозната причина, а лекарите потоа ја советуваа да се одмори.

Таа беше позитивна на Ковид-19 во февруари, но палатата соопшти дека имала благи симптоми на настинка.

Иако продолжи да има виртуелни средби со дипломати и високи функционери на интернет, таа во меѓувреме пропушти неколку големи настани како Велигденската миса.

Слични содржини