ПРИНЦОТ ХАРИ призна зошто го напуштил кралското семејство: Морав да го спасам животот!

од Nikola Popovski

Војводата од Сасекс рече дека се повлекол од кралските должности затоа што британскиот печат создал „токсична средина“ што влијае на неговото здравје.

Принцот Хари му рече на водителот на ТВ-емисијата Џејмс Корден дека таквата ситуација и пишувањето на печатот „му го уништиле менталното здравје“.

Бакингемската палата минатата недела потврди дека принцот и неговата сопруга Меган нема да ги продолжат своите кралски должности.

Војводата инсистираше на тоа дека станува збор повеќе за „повлекување отколку за оставка (од должност)“.

Двојката, која го чека своето второ дете, се пресели во Калифорнија со нивниот едногодишен син Арчи, откако тој во март минатата година формално се повлече од кралското семејство.

Минатиот јануари тие објавија дека сакаат да се пензионираат како „постари“ кралски членови и да започнат да работат на тоа да станат финансиски независни.

Минатата недела, Бакингемската палата објави дека војводата и војвотката нема да се вратат на кралските должности.

Како резултат, тие ќе мора да ги вратат почесните воени назначувања и кралските покровители.

Во емисијата „The Late Late Show“, снимена пред да се потврди дека Хари и Меган нема да ги продолжат своите кралски должности, војводата од Сасекс се возеше со британскиот домаќин и водител во двокатен автобус што кружеше околу Лос Анџелес.

Запрашан за неговата одлука да се повлече од кралските должности, принцот Хари инсистираше на тоа дека „никогаш не си заминал“ и дека „се повлекол, а не поднел оставка“.

„Како што многумина можеби забележаа, создадено е навистина тешко опкружување. Сите знаеме каков може да биде британскиот печат, кој ми го уништи менталното здравје. Си реков – ова е отровно“.

На прашањето од Корден како ја гледа сопствената иднина по укинувањето на мерките поради пандемијата на коронавирусот, Хари одговорил: „Мојот живот секогаш ќе биде посветен на јавната служба и Меган се согласи на тоа“.

Слични содржини