Принцот Хари веќе не ја крие својата несреќа: Му недостасува семејството, титулата, неговите кралски обврски!

од Vladimir Zorba

Иако Меган Маркл сега е среќна и го живее животот каков што го посакуваше, извори блиски на принцот Хари за магазинот „Vanity Fair“ изјавија дека тој, наводно, не наоѓа никакво значење во своето ново опкружување и дека многу му недостасуваат пријателите и семејството.

„Мислам дека на Хари навистина му недостигаат пријатели, воената служба, титулата и сè што доби со неа. Некој ред и распоред во животот. Тој во моментот нема работа, пријателите и потесното семејство се милји далеку. Оваа цела ситуација со коронавирусот и болеста на неговиот татко „го турнаа“ во одлуката повторно да се зближи со неговиот брат Вилијам“, рече Кејти Никол, експерт која со години ги следи односите во кралското семејство.

„Исто така, мислам дека Кејт и Вилијам силно го чувствуваат отсуството на Хари и Меган, и жалат што Хари не е со нив затоа што тие се многу поврзани“, додава Никол.

Неодамна беше откриено дека самиот Хари им кажал на пријателите преку видео повик дека тој сè уште е во шок од тоа колку неговиот живот се променил. Никол потенцира дека на поранешниот принц му недостасува структурата, правилата и примерите во животот што ги следи уште од детството.

Во исто време, неговата сопруга Меган се чувствува олеснета со доаѓањето на „нејзина територија“ и се оддалечува од Велика Британија, на која не можеше да се прилагоди на кој било начин.

Бегалката војвотка инсистира на најрано можно објавување на биографијата за нејзиниот и животот на Хари, што треба да и даде на јавноста увид во реалната состојба на работите и да ја раскаже својата страна на приказната.

Слични содржини