Принцот ја губи битката за тронот поради убиството на новинарот?

од desk2

Саудиското кралско семејство ја разгледува можноста принцот Мохамед бин Салман, прв во редт за тронот, на тоа место да го замени неговиот помал брат.

Тоа може да се случи поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, за чие убиство сметаат дека највиновен е актуелниот престолонаследник, наведува француски „Фигаро“.

Повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, парискиот дневник пишува дека Советот на мудрите, историски одговорен за одобрување одлука за наследување на тронот, во моментот, во најголема дискреција, заседава за тоа.

Тоа, наводно за францускиот дневник го кажал дипломатски извор во Париз, а потврдил неименуван Саудиец контактиран во Ријад.

Советот на мудрите, составен од претставници на секој од најмалку седумте кланови на кралското семејстви, ја разгледува ситуацијата уште додека судбината на Кашоги не се знаеше по неговото исчезнување на 2 оклтомври во саудискиот конзулат во Истанбул, се наведува во текстот.

Според тие наводи, кои ги пренесоа и други француски медиуми, кралското семејство во Саудиска Арабија размислува Мохамед бин Салман (33) да го замени на местото престолонаследник неговиот многу амбициозен и предвидлив брат, принцот Калид бин Салман (28).

Саудискиот извор на кој се повикува „Фигаро“ тврди дека Калид постепено би го заменил својот брат, а не веднаш.

Калид е многу популарен во земјата и во странство и генерално важи за некој кој може да го подобри имиџот на земјата на запад.

Слични содржини